1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија по трагедијата во Беслан

6 септември 2004

По првиот масовен погреб на жртвите од заложничката драма во Беслан, граѓаните на Русија сето внимание го насочија кон состојбата на повредените и кон судбината на оние лица кои се водат како исчезнати

https://p.dw.com/p/AcLQ
Што правеа руските специјалци во Беслан?
Што правеа руските специјалци во Беслан?Фотографија: AP

Повеќе ТВ канали речиси потполно им ги посветија програмите особено на ранетите деца, за чии животи се борат тимови специјалисти во Москва.

“Ве очекуваме на 7. септември во 17 часот на ридот Базилиус. Таму се одржува манифестација на нашата солидарност под наслов Русија против теророт.“

Со вакви и слични ТВ спотови руските власти ги повикуваат граѓаните на протестни собирања во Москва и Санкт Петерсбург. Бранот солидарност низ руското општество е веќе сега огромен. Голем број граѓани се одзваа на апелите да дадат крв за спасување на повредените:

“Не можам да сторам ништо друго, тоа е се што е во моја моќ. Верувам дека и многумина други како јас доаѓаат овде за да даруваат крв“ - вели една жена.

“Штета што не можев да дојдам овде уште вчера или завчера, зашто како што гледате – со што друго можам да им помогнам на жртвите?“

Во меѓувреме властите се обидуваат да го реконструираат целиот крвав настан, кој очигледно не било планирано да земе таков тек:

“Од училишната зграда почнаа да бегаат заложниците. Бандитите стрелаа по децата и возрасните кои бегаа. За да го спасат животот на заложниците со оган возвратија вооружените цивили, со што само го попречуваа дејствувањето на специјалците“ - вели шефот на тајните служби за Северна Осетија Валериј Андрејев.

Дел од коментаторите на руските медиуми меѓутоа се огласија со остра критика на сметка на власта. Така Леонид Раѕиковскиј од Радиото “Ехо Москви“ прашува каде биле 1000-та специјалци. Расплетот почна на пладне во 13 часот, а на полноќ уште велеа дека борбите траат. Па, со кого? Зарем им требаа повеќе од 10 часа да се пресметаат со 30 убијци?