1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија предизвикува загриженост со стационирањето ракети во Калининград

СН/бг/ртр/миа/афп/дпа17 декември 2013

Русија го потврди распоредувањето на ракети од краток дострел во близина на границата кон земјите од НАТО. Полска, балтичките земји и САД веднаш изразија загриженост поради ваквиот чекор на Москва.

https://p.dw.com/p/1Aaq4
Фотографија: Getty Images/AFP

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека распоредило ракети од краток дострел од типот Искандер (насловна фотографија) во руската енклава на Балтичкото море , Калининград, во близина на границата со НАТО сојузот. Станува збор за ракети кои се оспособени да носат атомско вооружување. Портпаролот на министерството изјави дека распоредувањето на ракетите не ги прекршува меѓународните договори. Претходно рускиот весник близок до Кремљ, „Известија“ и германскиот „Билд Цајтунг“ јавија за стационирањето на ракетите. Полска и балтичките земји веднаш изразија загриженост поради ваквиот чекор на Москва.

И Соединетите Американски Држави изразија загриженост поради распоредувањето на руските ракети „Искандер“ во Западниот воен округ. Портпаролот на Стејт департментот, Мари Харф синоќа (16.12) изјави : „Ја известивме руската Влада за нашата загриженост. Ја повикавме Русија да не презема мерки, кои би можеле да доведат до дестабилизација на регионот“

Харф нагласи дека американската Влада е информирана за загриженоста, која распоредувањето на ракетите, ја предизвика и кај соседните земји на Русија.

Москва во спорот околу изградбата на т.н противракетен штит на НАТО во Европа повеќепати се закани со стационирање на сопствени ракети. Официјален Кремљ го смета можниот противракетен одбранбен систем на Алијансата за опасност за сопствената безбедност.