Русија – рударска несреќа
20 март 2007Реклама
Во експлозија на метан во сибирскиот рудник Новокузњец до сега животот го загубиле 106 рудари. Од окното се спасени 93 рудари, а по неколкумина уште се трага. Во моментот на експлозијата во рудникот се наоѓале околу 200 работници. Ова е најтешката рударска несреќа во Русија од распаѓањето на Советскиот сојуз.