1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија сака продолжување на преговорите за Косово

29 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJ8

Русија се залага за активно продолжување на преговарачко – дипломатските напори за решавање на статусот на Косово, изјави заменик шефот на руската дипломатија, Владимир Титов. „Во ситуација кога нема согласност не може да се форсира еднострано решени“, изјавил Титов. Според Титов не само што преговорите западнале во ќорсокак туку и намерно биле водени во таа насока. Титов смета дека евентуална независност на Косово, ќе предизвика лавина од такви барања низ светот во други проблематични подрачја.