Русија ја отфрли новата резолуција за Сирија
31 јануари 2012Русија нема да ја поддржи новата нацрт-резолуција за Сирија, соопшти во пресрет на дебатата во Советот за безбедност на ОН руското Министерство за надворешни работи.
Новата резолуција која ја изготви Арапската Лига со поддршка од западните земји, предвидува оставка на претседателот Башар ал-Асад и формирање преодна влада во земјата.
Насилството во Сирија ескалира
Русија оцени дека резолуцијата е неизбалансирана и отвора можност за странска интервенција во Сирија.
Во предлог-резолуцијата, сепак, не е вклучен и членот 7 од Повелбата на ОН, со кој се овозможува употреба на сила за да се спроведат одлуките на ОН.
Во вчерашните судири во Сирија повеќе од 100 луѓе ги загубиле животите. Најголемиот дел од жртвите загинале во регионот Хомс, кој е седиште на отпорот против претседателот Башар ал-Асад. 55 од загинатите се цивили, а меѓу жртвите има и 25 припадници на сириската армија и 10 војници-дезертери кои се борат на страната на бунтовниците.
Автор: БГ/СН/афп/миа
Редактор: Е.М. Фиданоска