1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руската Влада два пати ги алармирала САД за Тамерлан Царнаев

БГ/миа/ап25 април 2013

Американските власти знаеле дека постариот од двајцата браќа кои ги подметнаа бомбите на бостонскиот маратон имал врски со радикалниот ислам, но не презеле ништо и покрај предупредувањата од руските колеги.

https://p.dw.com/p/18N0W
Фотографија: picture-alliance/dpa

Руската Влада двапати ги алармирала американските власти во врска со Тамерлан Царнаев (на фотографијата горе), постариот од двајцата браќа, кои стојат зад бомбашките напади за време на бостонскиот маратон на 15 април, изјавија двајца американски претставници.

Во есента 2011 година руските власти се поврзале со ЦИА во врска со Тамерлан, а истата година Русија за ова прашање го информирала и ФБИ. ФБИ соопшти дека неговите агенти го инервјуирале Царнаев, но не откриле ништо, кое ги наведувало да помислат дека браќата Царнаеви се дел од екстремистичка групација и им ги пренеле своите заклучоци на руските власти.

ЦИА, пак ги поделила сите добиени информации за Тамерлан со останатите американски федерални агенции. Во есента 2011 година ЦИА побарала Тамерлан да биде вклучен на листата на лица, кои ќе бидат набљудувани, изјави американски претставник на разузнавањето.

Според анонимните американски претставници Тамерлан бил вклучен од ЦИА во базата на податоци на американската Влада, која се однесувала на осомничени терористи за напади, извршени 18 месеци пред Бостонскиот маратон.

Неколку американски конгресмени и сенатори најавија дека сериозно ќе ја анализираат работата ФБИ и ЦИА во врска нападот, откако првичните информации покажаа дека двете служби недоволно соработуваат во борбата против тероризмот и покрај системот кој овозможува заедничко следење на осомничените за тероризам.