1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руската полиција уапси четворица опозициски лидери

Александар Методијев/ројтерс/бета15 декември 2012

Руската полиција денеска уапси четворица руски опозиционери со цел да ги спречи да учествуваат во забранетиот протест во Москва против претседателот Владимир Путин. Народот излезе на улица и покрај студеното време.

https://p.dw.com/p/1737d
Фотографија: dapd

Намерата на собирот е одбележување на првата годишнина од најмасовните протести кои избија против Путин откако тој дојде на власт пред 13 години. Полицијата е на местото на протестот, а хеликоптери надлетуваат над демонстрантите.

Russische Opposition Proteste gegen Vladimir Putin
Сергеј Удаљцов ги поздравува приврзаниците додека полицијата го апсиФотографија: AFP/Getty Images

И покрај ризикот да бидат уапсени, демонстрантите излегоа на улица извикувајќи „Слободни политички затвореници“ и „Надолу со полициска држава“, а на транспарент беше напишано „Измамници и арамии“ – популарен слоган кој се користи за опишување на руското лидерство.

Левичарот Сергеј Удаљцов и блогерот, кој пишува за корупција, Алексеј Навални беа уапсени на централниот плоштад Лубјанка, каде сведоци велат дека денеска (15.12) се собрани околу 2.000 лица, а лидерите на протестите Илја Јашин и Ксенија Собчак беа уапсени додека оделе кон местото на собирот.

„Крвавиот режим ја собра Собчак“, рече Навални пред и тој да биде уапсен, зборувајќи за 31-годишната поранешна социјалистка, која и’ се приклучи на опозицијата иако нејзиниот починат татко некогаш беше градоначалник на Санкт Петербург и близок сојузник на Путин.

Московските власти одбија да дадат дозвола за протестите, а полицијата ги предупреди насобраните граѓани да си одат. Луѓето излегоа на протест и покрај многу студеното време од минус 15 Целзиусови степени.

Ksenia Sobchak
Телевизиската презентерка Ксенија Собчак му заврте грб на ПутинФотографија: picture-alliance/dpa/Alexey Kudenko/RIA Novosti

„Не знам колку луѓе се собрани тука, но сум горд на сите оние кои дојдоа. Главната работа е дека луѓето се овде, дека го искажуваат своето гледиште и покажуваат дека постојат“, им рече на новинарите адвокатот Навални.

Откако полицијата го уапси, тој на Твитер напиша: „Тоа е традиција, а твитов воопшто не е оригинален, пред полициски кордон. Ме извлекоа од толпата, тоа е сосема апсурдно“.

Russland Moskau Demonstration Oppositionsführer Festnahme
Алексеј Навални исто така заврши во притворФотографија: Reuters

Протестот го организира Советот за координација на опозицијата, кој го предводи Навални. Руските власти вчера соопштија дека покренуваат нова истрага против Навални, кој е обвинет за перење пари и измама вредна 55 милиони рубљи или 1,3 милиони долари. Триесет и шест годишниот Навални во јули беше обвинет и за кражба, бидејќи наводно организирал план за кражба на околу 500.000 долари од една државна компанија за дрвена граѓа. Навални ги отфрли таквите обвинувања.