1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рускиот патријарх во посета на Бугарија

СН/АТ/макфакс28 април 2012

Поглаварот на Руската православна црква Кирил во Софија имал средби со бугарскиот државен врв.

https://p.dw.com/p/14mVY
Фотографија: Reuters

Серускиот патријарх Кирил пред зградата на владата во Софија бил пречекан од страна на бугарскиот премиер Бојко Борисов. Борисов му ја бакнал раката на патријархот Кирил Први, а според традицијата за овој период од годината по Велигденските празници, поглаварот на РПЦ на Борисов му подарил скапоцено велигденско јајце.

Претходно патријархот Кирил се сретнал и со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, како и со претседателката на Народното собрание, Цецка Цачева.

На средбата Плевнелиев и патријархот Кирил потцртале дека заедничкото културно и духовно наследство меѓу Бугарите и Русите е основата на која се развиваат односите меѓу двата народа. Патријархот Кирил посочил дека Бугарите и Русите споделуваат заедничко религиозно и културно наследство.

Росен Плевнелиев забележал дека во последните 20 години верата и христијанските вредности заземаат поголемо место во живото на секое бугарско семејство. И воопшто во општеството, при што неоспорен е придонесот на Бугарската православна црква.

Од двете страни била изразена надежта дека традиционалните добри односи меѓу двете православни цркви и зајакнувањето на христијанските добродетели ќе продолжи и во иднина.

Рускиот патријарх Кирил во Бугарија е придружуван од поголема духовна делегација на Руската православна црква, а на средбата со Плевнелиев присуствувале и претставници на Бугарската православна црква.