1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руските олигарси ја плашат Светската банка

12 април 2004

Со Русија доминира мал број деловни групи кои се помалку ефикасни од другите приватни сопственици,но имаат приграбено голем дел од приливот инвестиции,гласи заклучокот во најновиот извештај на Светската банка.

https://p.dw.com/p/AeRb

Студијата заклучува дека 23 најголеми деловни групи во Русија контролираат повеќе од третина од индустријата во земјата и најмалку шестина од вработените.

Русија мора да го стори тоа што Американците го изведоа пред 100 години со воведување строги прописи против трустовите и монополите за да се создаде чесна конкуренција,вели главниот економист на московското биро на Светската банка Кристоф Рил.Мал број влијателни бизнисмени имаат приграбено непропорционално големи и нвестиции и во некои случаи станаа моќни лобисти.Наспроти општото уверување,овие деловни луѓе не станаа поефикасни менаџери,продуктивноста е поголема во компаниите кои ги котролираат странските инвеститори и други приватни сопственици .Само државните компании работат полошо од нив.

Архитектот на контраверзната приватизација “заеми за акции” во текот на деведесеттите Андреј Чибајс,ги брани олигарсите:

Кога луѓето велат дека олигарсите ја ограбија земјата и го корумпираа политичкиот и правосудниот систем,во тоа има многу вистина,но тие беа и главни придвижители на стопанскиот раст последниве години,реорганизираа големи делови од руската индустрија и изградија ефикасни раководни системи,плаќаа данок и ги полнеа државните каси,тие не се совршени,но се поефикасни сопственици од државата.

Олигарсите последниве месеци повторно се на удар на руските власти кои настојуваат да ја поттикнат конкуренцијата и да ги зауздаат суперпрофитите.

Според вредноста на продажбата,констатира Светската банка,според податоците од 2001, година доминира петролејската компанија Лукоил,а следи Милхаус,холдинг под контрола на Роман Абрамович кој го купи фудбалскиот клуб Челзи.

Стручњаците на Светската банка ја предупредуваат Русија и на претераната зависност од нафтата и гасот,кои учествуваат со 20 проценти од бруто домашниот производ и повикуваат на укинување енергетски повластици на компаниите,а зголемување на инвестициите во сообраќајот и образованието.