1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

РФМ официјално ќе протестира до ИХФ

АМ/миа/макфакс20 јануари 2013

Светската ракометна федерација не дозволи одложување на денешниот дуел на кој Македонија игра против Германија. Во образложението до РФМ се наведени непостоењето на таква регулатива и договорот за телевизискиот пренос.

https://p.dw.com/p/17Njf
Фотографија: Cristina Quicler/AFP/Getty Images

РФМ вчеравечер (19.01), веднаш по пристигнувањето во Барселона, побара денешниот натпревар Македонија – Германија, кој треба да се игра со почеток од 15 часот и 45 минути, да биде одложен поради малтретирањето со превозот од Севиља кој траеше речиси во текот на целиот вчерашен ден и неможноста да се одржи квалитетен тренинг во пресрет на осминафиналето на Светското првенство.

Handball WM Mazedonien vs Iceland 15.01.2013
Македонија има негативен резултат во натпреварите со ГерманијаФотографија: Cristina Quicler/AFP/Getty Images

Причина за десетчасовното малтретирање на македонските ракометари беше вчерашното невреме во Шпанија кое предизвика прекин на транспортните комуникации на брзата желeзница. Според најавите од македонската делегација, ќе следува официјален протест до ИХФ и до организаторот.

Мечот во палатата Сан Жорди, за македонската репрезентација ќе биде еден од најважните натпревари во последните неколку години, бидејќи со победа „црвено-жолтите“ ќе се најдат меѓу најдобрите осум репрезентации на планетата. Традицијата во меѓусебните дуели е на страна на Германците, бидејќи тие ги добиле трите досегашни пресметки.

На Мундијалот во 1999 година во Египет, Германија победи со 36:25, на Светското првенство во 2009 година во Хрватска резултатот беше 33:23 за Германија, а најсвеж е натпреварот од пред една година на ЕП во Србија, кога во Ниш, Македонија на неполни две минути имаше предност од еден гол и контра, а на крајот загуби со 24:23.

Deutschland Brasilien Handball Weltmeisterschaft Männer 2013
По Европското првенство во Србија селекцијата на Германија е подмладенаФотографија: Getty Images

Германскиот селектор, Мартин Хојбергер, од моментот кога ја презеде функцијата, ја подмладува селекцијата, па од страта гарда во тимот се’ уште се само специјалистот за одбрана Оливер Рогиш и Доминик Клајн. Германија во многу нешта се потпира на зоната 6-0 и голманот Силвио Хајнефетер.

Освен натпреварот Германија – Македонија (15:45 часот) денеска во осминафиналната фаза на Мундијалот ќе играат и: Бразил – Русија (17:30), Данска – Тунис (20:15) и Исланд – Франција (20:15).