1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Садам се крие западно до Багдад

7 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRp
Соборениот ирачки диктатор, Садам Хусеин, според зборовите на човек од доверба, се крие западно од Багдад. Од неговото скривалиште, екс-диктаторот раководи со нападите врз сојузничките сили во Ирак, тврди еден племенски водач кој важи за верен приврзаник на Садам Хусеин. Тој на дописничка на агенцијата Франс Прес, на средбата вчера и' рекол дека Садам Хусеин е во добра здравствена состојба и дека раководи со акциите против Американците. Средбата на новинарката на АФП со, како што самиот се претставил Абу Мохамед, била договорена преку еден член на партијата Баат, која му беше база на Садам во предвоен Ирак. Мохамед уште тврди дека за време на светиот месец на пост, Рамазан, Садам Хусеин одржал средба со десетици водачи на партијата Баат, во Рамади, околу сто километри западно од Багдад. Поранешен член на Баат партијата, за агенцијата Франс прес потврдил дека тајната средба во Рамади е одржана на осми ноември. Истиот ден во градот престојувал, за Ирак надлежниот американски генерал, Џон Абизаид, кој со племенските водачи разговарал за средствата со кои можат да се спречат нападите врз окупаторските сили. Според Мохамед, Садам со тоа што се наоѓа во западниот дел на земјата не ризикува ништо, зашто жителите го бранат и никогаш нема да го предадат. Американските сили досега во потрагата по соборениот диктатор се концентрираат врз неговиот роден град Тикрит и околината.