1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД – атомски бомби

6 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bc7N

Американски стратешки бомбардер од типот Б52 минатата недела крстарел над неколку сојузни држави по грешка вооружен со нуклеарни боеви глави. Фактот што шест крстосувачки проектили со нуклеарно полнење цели шест часа виселе над граѓаните на САД предизвика вистинска паника во Вашингтон, поради што бил известен и претседателот Џорџ Буш. Дел од претставниците во парламентарните комитети за оружените сили го оквалификуваа настанот како многу вознемирувачи и побараа дополнителни информации од Пентагон. Во меѓувреме е суспендиран надлежниот офицер за вооружување на авионот, како и посадата.