1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД благодарни на Сирија

13 септември 2006

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс и се заблагодари на владата на Сирија за успешната одбрана на американската амбасада, при вчерашниот терористички напад во Дамаск

https://p.dw.com/p/AdxP
Сцена по нападот во Дамаск
Сцена по нападот во ДамаскФотографија: AP

Односите меѓу Сирија и САД се напнати. Токму затоа во Вашингтон се чуствуваше олеснување по одлучната одбрана на американската амбасада од страна на сириските безбедносни сили за време на вчерашниот терористички напад врз Дамаск. Притоа загина еден припадник на сириските сили . Министерката за надворешни работи на САД , Кондолиза Рајс која престојуваше во посета на Канада, веднаш изрази сочуство и истовремено и се заблагодари на сириската влада:

„ Сметам дека Сиријците на овој напад реагираа на начин кој ни помогна да ја зачуваме безбедноста на нашиот персонал и ние многу го цениме тоа“

Рајс истакна дека е премногу рано да се шпекулира , коој стои зад нападот . Сирискиот амбасадор во Вашинготн Имад Мустафа од другастрана го изнесе сомневањето дека организацијата „Јунд ал Шалам “ која е поврзана со Ал Каеда би можела да стои зад атентатот. Во терористичкиот напад во Дамаск, пред американската амбасада екслодираше возило наполнето со експлозив . Сириските безбедносни сили притоа убија тројца напаѓачи а еден беше повреден.

Покрај ова американската влада даде до знаење дека повеќе не е безусловно за воведување на санкции против Иран , доколку оваа земја барем привремено се одлучи за запирање на процесот на збогатување ураниум. Инакуу главниот ирански преговарач Али Лариџани ја истакна подготвеноста на неговата влада да го стори тоа , за време на минатонеделната средба со првиот европски дипломат Хавиер Солана . Рајс во авионот на пат кон Канада пред новинарите истакна дека прашањето сега е дали Иран е подготвен или не за запирање на збогатувањето ураниум . Доколку е подготвен би можеле да започнат преговори-истакнала Рајс.