1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Во потрага по компромис

ЖА/дв/артре/афп30 декември 2012

Во спорот околу донесувањето на буџетот во САД и кратко пред истекот на рокот нема решение на повидок. Но, политичарите се‘уште се надеваат на постигнување некакво меѓурешение.

https://p.dw.com/p/17BHP
Фотографија: AP

Политичките партии во Сенатот на САД ги започнаа разговорите околу можен компромис во спорот околу буџетот. Советниците на шефовите на пратеничките групи работат на пронаоѓање решение кое ќебиде подеднакво прифатливо за Републиканската, како и за Демократската партија, изјави висок по ранг претставник на Републиканците.

Се дискутира за преодни решенија

Двата табора меѓутоа се‘уште се доста оддалечени еден од друг, а времето истекува, вели еден добар познавач на ситуацијата за агенцијата Ројтерс. Според него, се дискутира за преодни решенија. Тоа би можело да значи одложување за неколку месеци на автоматската клаузула од која се стравува, а која предвидува кратења на јавните издатоци во висина од 109 милијарди евра. Претседателот Барак Обама во своето неделно обраќање апелираше за постигтнување договор меѓу Демократите, кои доминираат во Сенатот и Републиканците, кои се мнозинство во Претставничкиот дом, за да се избегне „фискалната бездна“. Обама изрази увереност дека тоа е можно пред истекот на рокот, крајот на оваа година. Ветераните во Сенатот, Хари Рид од Демократите и Мич МекКонел од Републиканската партија се ополномоштени да изработат компримисен предлог. Доколку двете страни не се спогодат до понеделник вечерта, стапуваат автоматски во сила зголемувања на даноците за најголемиот дел Американци и кратења на издатоците на државата во волумен од над 600 милијарди евра.

USA - Präsident Obama kehrt aus dem Urlaub zurück
Обама уште не губи надежФотографија: Reuters