1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ги тужат најелитните банки

3 септември 2011

САД како што претходно беше најавено поднесоа тужби против 17 водечки банки поради загуби настанати по погрешна проценка на хипотекарни кредити, што даночните обврзници државата ги чинело десетици милијарди долари.

https://p.dw.com/p/12SUQ
Фотографија: picture alliance/dpa

Сојузната агенција за финансирање на градба на станови (ФХФА) ги обвинува банките за недоволна проверка на квалитетот на хартиите од вредност обезбедени со хипотеки, што ги продавале на инвеститорите во периодот пред избувнувањето на кризата во 2008 година. Поради тоа двете најголеми хипотеркарни финансиски институции во САД Фани Ме (Fannie Mae) и Фреди Мак (Freddie Mac), претрпеле загуби од повеќе од 30 милијарди долари и подоцна мораше да ги спасува американската влада.

US-Immobilienmarkt
Банките широкоградо давале кредитиФотографија: AP

Банките морале да знаат дека тие хартии од вредност не биле со добар квалитет, што подоцна посредно доведе до големата финансиска криза, сметаат во Агенцијата

Со тужбата се опфатени 11 врвни американски банки меѓу кои и Бенк оф Америка (Bank of America), ЈП Морган Чејс (JPMorgan Chase) и Голдман Сакс (Goldman Sachs), но и шест странски банки како  Шкотската кралска Банка (Royal Bank of Scotland), ХСБЦ (HSBC) и германската Дојче Банк (Deutsche Bank).

Сојузната агенција за финансирање на градбата на станови од овие банки побарува вкупна отштета од десетици милијарди долари.

Портпарол на Дојче Банк ги отфрли обвинувањата и најави енергична одбрана .

Автор:СН/ЖА/ртр/афп/дв/мф

Редактор: Жана Ацеска