1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД го блокираа „дилот“ на Дојче Телеком

1 септември 2011

Огромен проблем за Дојче Телеком - со години ангажманот во САД му носи загуби. Планирано беше тамошната фирма на Телеком да ја купи конкурентот АТ&Т за 27 милијарди евра. Но, американската власт ја блокира продажбата.

https://p.dw.com/p/12RUI
Фотографија: dapd

Американските корисници на мобилни телефони ни денес немаат голем избор понудувачи, можат да одберат меѓу вкупно четири. Ако АТ&Т го преземе Т-Мобиле, ќе бидат уште помалку.

Дали тогаш преостанатите фирми ќе мораат да се натпреваруваат доволно за да ја стекнат наклонетоста на купувачите? Американското министерство за правда се сомнева во тоа:

USA Deutschland T-Mobile USA Logo Gebäude in Detroit
Фотографија: dapd

„Министерството е против спојувањето на АТ&Т и Т-Мобиле. Ние сметаме дека тоа за милиони потрошувачи ќе значи повисоки цени, помал избор на понудувачи и полош квалитет на производите“, вели Џејмс Кол, заменик-министер за правда на САД.

За Дојче Телеком блокадата на продажбата е тежок удар. Концернот радо би се простил од својата фирма Т-Мобиле САД, која има големи проблеми.

Сепак, конфликотот не дефинитивно решен, Телеком се‘ уште може да се жали пред суд.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Филип Билски/ Жана Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски