1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД го зголемуваат пристисокот врз Мушараф

18 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CIYs

САД го зголемуваат притисокот врз пакистанскиот претседател Первез Мушараф. Заменик-министерот за надворешни работи Џон Негропонте по разговорите во Исламабад го повика Мушараф да ја укине вонредната состојба во земјата, да ги ослободи уапсените опозиционери и повторно да поведе разговори со лидерката на опозицијата Беназир Буто. Според весникот „Њујорк Тајмс“, американската влада со тајна програма вредна 100 милиони долари го подржува Пакистан во обезбедувањето на неговата атомска програма.