1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД, ЕУ и Јапонија ја тужат Кина

13 март 2012

Трговската војна со Кина поради ограничувањето на извозот на ретки метали ескалира-САД, ЕУ и Јапонија поднесоа тужба пред Светската трговска организација во Женева. Кина ја критикува тужбата.

https://p.dw.com/p/14Jtp
Фотографија: picture alliance / landov

Поднесувањето на тужбата против Кина во Светската трговска организација денеска го потврди Европската комисија во Брисел. Кина во меѓувреме остро реагираше на поднесената тужба. Обештетувањето може да им наштети на трговските односи „и да ги уназади“, коментира кинеската државна агенција Ксинхуа. Тужбата е „преуранета и неправедна“, тврди агенцијата. Таа ги брани кинеските извозни квоти на ретки метали. Светската трговска организација им дозволува на своите членки да посегнат по нужните мерки заради заштита на своите ресурси и животната средина, гласи аргументот на Пекинг.

Вакви ограничувања се оправдани кога се проследени со истовремено намалување на домашното производство и потрошувачка. Кина не ги дискриминира странските фирми при снабдувањето со ретки метали. „Со оглед на несразмерните и неправедни обвинувања Кина нема да се двоуми на одбрана на своите легитимни права во областа на трговијата“, пишува Ксинхуа.

Rohstoffe Seltene Erde
Фотографија: USDA, ARS, IS Photo Unit

Ретките метали се употребуваат пред се‘ во индустријата за производство на компјутери и комуникациски средства. Кина минатите години вршеше постојано ограничување на квотите на експлоатација на ретките метали.

ЕУ, САД и Јапонија ја обвинуваат за протекционизам на домашните фирми и дискриминација на странските производители.

По покренувањето постапка пред СТО Кина има десет дена рок за одговор и 60 дена за почеток на дијалог со САД, ЕУ и Јапонија. Доколку во овој период не дојде до договор, ќе биде поведена формална истрага.

Кина веќе загуби спор пред СТО поради ограничувањето на извозот на цинк и магнезиум, по што вложи жалба.

Автор: ЖА/ АТ/ дв/ дпа

Редактор: Симе Недевски