1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД за санкции, Европа за дијалог

1 септември 2006

Откако Техеран не успеа да ја разубеди меѓународната заедница дека нема намера да произведува нуклеарно оружје, сега меѓународната заедница размислува како да се оди понатаму. САД се категорично за воведување санкции, Европа би сакала дипломатијата да се исцрпи до крај.

https://p.dw.com/p/Ac3d
ОН се на потег
ОН се на потегФотографија: AP

Уште пред Меѓународната Агенција за атомска енергија да го објави извештајот за Иран во кој се констатира дека земјата ниту прекинала со процесот на збогатување на ураниум, ниту дава знаци дека има намера тоа да го стори за збор се јави американскиот претседател Буш:

„ Време е Иран да направи избор. Ние нашиот избор го направивме. Ќе продолжиме да работиме со нашите сојузници за да се пронајде дипломатско решение, но мора да има последици за Иранското одбивање и не смееме да му дозволиме на Иран да развива нуклеарно оружје.“

Откако извештајот за Иран беше објавен, тврдиот американскиот став го повтори и американскиот амбасадор во ОН, Џон Болтон:

„Да бидеме јасни. Денешниот заклучок гласи, Иран ја мафта меѓународната заедница, и воопшто не престанал со збогатувањето на ураниум што е кршење на договорот за неширење на атомското оружје“. САД бараат санкции. „Ние сме подготвнени да продолжиме овде во Њујорк кога ќе ни бидат дадени инструкциите“, нагласи Болтон. Но, дипломатите во Светската организација најавија дека ќе продолжат претпазливо во случајот и ќе ја почекаат средбата на евродипломатот Хавиер Солана со иранскиот преговарач Али Лариџани. Европа повеќе се залага за дијалог и дипломатија.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави:

„Ќе разговараме за следните чекори. Нема целосно да ја затвориме вратата, но не можеме да се правиме и дека не гледаме што се случува. Затоа ќе имаме заеднички преговори со државите“.

И Францускиот министер за надворешни работи, Филип Дуст Блази, и покрај тоа што не е задоволен од ставот на Иран сепак останува уверен дека „приоритет се уште мора да биде патот на дијалогот“.

Ваквиот став го поддржува и Кина. „И покрај тоа што крајниот рок измина сепак треба да разговараме меѓу себе и да се најде излез од ситуацијата“, изјави и кинескиот амбасадор во ОН, Ванг Гуангија.