1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД – Иран – патување

1 јуни 2007
https://p.dw.com/p/Anst

Американскиот Стејт департмент повторно им препорача на своите граѓани да не патуваат во Иран. “Американските граѓани може да бидат изложени на прогон или да бидат уапсени. Некои елементи на иранскиот режим се‘ уште се непријателски настроени кон САД“ - се вели во соопштението на Стејт департментот. Повод се затворањето или забраната за заминување во странство на одреден број Иранци со американско државјанство, кои се обвинети за шпионажа.