1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Иран планирал атентат на саудискиот амбасадор

12 октомври 2011

Агенти на иранската влада, според американското министерство за правда, планирале бомбашки напад врз амбасадата на Саудиска Арабија во САД.

https://p.dw.com/p/12qT8
Јавниот обвинител на САД, Ерик Холдер, на прес-конференција во ВашингтонФотографија: dapd

Судот во Њујорк подигна обвинение против две лица, од кои едниот бил член на иранските специјални единици Ал Кудис. Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама оценил дека се работи за „еклатантна повреда на американското и меѓународното право.“

Цел на планираниот напад бил амбасадорот на Саудиска Арабија, Адел ел Џубеир. Властите го откриле заговорот откако еден од агентите во Тексас информирал службеник на американските власти, кој бил на тајна задача, и за кого сметал дека е член на мексиканска банда за дрога. Иранците биле подготвени да платат 1,5 милиони долари за атентатот.

Државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, најави нови санкции против Иран. Планираниот бомбашки напад уште повеќе ќе го изолира Техеран, изјави Клинтон во интервју за агенцијата АП. Портпарол на иранското министерство за надворешни работи, за агенцијата ФАРС, обвинувањата ги нарече „конструирано сценарио“, кое треба да го одвлече вниманието од внатрешните проблеми на САД.

Автор: АТ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска