1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и Русија заеднички против иранската атомска програма

13 ноември 2011

САД и Русија потврдија дека сакаат да постигнат заеднички став околу иранската атомска програма. Претседателите на двете земји разговараа на оваа тема на маргините на средбата на АПЕК, на Хаваи.

https://p.dw.com/p/139qY
Барак Обама и Дмитри Медведев (архива)Фотографија: AP

Во спорот околу нуклеарната програма на Иран, САД се залагаат за заострување на санкциите. Американскиот претседател Барак Обама за ова разговараше со рускиот колега Дмитри Медведев, кој досега отфрлаше нови санкции на ОН против владата во Техеран. По разговорите Обама-Медведев, на маргините на самитот на АПЕК, е соопштено дека двете држави ја зацврстиле намерата заеднички за се погрижат за тоа Иран да ги испочитува обврските во врска со неговата контроверзна атомска програма.

Судирот со Иран се заостри откако Меѓународната агенција за атомска енергија пред неколку дена ја обвини таа земја дека работела на развој на нуклеарно оружје. Иран го отфрли извештајот на меѓународните атомски власти и тврди дека неговата нукеларна програма е само во мирнодопски цели. По најновиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија, во Израел отворено се дискутира околу напад врз иранските атомски постројки. Русија и Кина, кои имаат право на вето во Советот за безбедност, отфрлаат нови санкции против Иран.

Автор: ЕМФ/ртр/дпа

Редактор: Ж.Ацеска