1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД – Караџиќ

24 март 2007
https://p.dw.com/p/AgLF

САД демантираа дека постои официјален докумет со кој што наводно му гарантираат безбедност на поранешниот лидер на Босанските Срби, Радован Караџиќ. Тоа е целосно неточно, изјави портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Шон Меккормак. Црногорскиот весник ”Република” во четвртокот објави дека Караџиќ, кој е обвинет во Хаг за геноцид, се повлекол од политиката во замена за гаранции за својата безбедност, кои наводно му ги дале САД.