1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД-Клима

28 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BkZL

САД според зборовите на министерот за надворешни работи Кондолиза Рајс ги поддржува напорите на ОН за глобален сојуз во борбата против климатските промени. На почетокот на конференцијата за клима во Вашингтон Рајс вети американска помош во преговорите на ОН за климата воочи декемвриската конференција за клима на Бали. Денеска пред присутните треба да зборува и американскиот претседател Џорџ Буш. На конференцијата се присутни претставници на ЕУ, ОН и 16 други земји. Германија ја претставува министерот за екологија Зигмар Габриел. Тој изјави дека не очекува конкретни резултати од конференцијата.