1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: На повидок договор во буџетскиот спор

ЖА/дв/бета15 октомври 2013

Претставниците на Демократската и на Републиканската партија во американскиот Сенат се блиску до постигнување спогодба која ќе помогне САД да ја избегнат буџетската агонија. Договорот е можен уште денеска.

https://p.dw.com/p/19zX4
Фотографија: Reuters

Се претпоставува дека водачот на мнозинските Демократи Хери Реид и водачот на Републиканците Мич Мекконел денеска (15.10.2013) би можеле да постигнат договор, два дена пред истекот на рокот за подигање на лимитот за задолжување на земјата.

Шефот на Демократите во Сенатот, Реид, изјави дека се направени енормни напредоци во разговорите.

Постигнувањето договор би овозможило функционирање на владата до 15. јануари следната година и Одделот за трезор на САД нпрмално да позајмувапари до почетокот или средината на февруари, што би ја ублажило кризата која ја намали довербата во економијата и го влоши политичкиот рејтинг на Републиканците.

Републиканскиот сенатор Боб Коркер изјави дека Реид и Мекконел усогласиле „општа рамка“, како и дека разговорите со Претставничкиот дом продолжуваат. Според Коркер, планот нема да биде финализиран пред денеска околу пладне.

Многу конзервативци во Претставничкиот дом не се задоволни од можноста за постигнување договор, иако останув ада се види дали ќе бараат некаква промена.

Американската влада од 1. октомври делумно ја прекина работата, многу служби се блокирани, бидејќи во Конгресот не беше постигнат договор за буџетот за наредната фискална година, која во САД почнува на 1. октомври. Претходно беше договорена варијантата привремено финансирање до 15. декември, за да им се даде повеќе време на преговорите за едногодишен буџет на владата.