1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД планираат база за беспилотни летала во северозападна Африка

СН/АТ/афп/дпа29 јануари 2013

Беспилотни летала на САД би требало што е можно побргу да им дадат поддршка и на француските трупи кои во Мали им помагаат на локалните воени сили во справувањето со исламистичките бунтовници во земјата.

https://p.dw.com/p/17TFg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американското министерство за одбрана, според медиумски извештаи, планира воспоставување на база за беспилотни леталан, т.н дронови во северозападниот дел на Африка. Потоа невооружените беспилотни летала би требало да патролираат над пустината Сахара со цел подобро набљудување на групите на терористичката мрежа Ал Каеда како и на исламистите во овој регион, јавува американскиот весник „Њујорк Тајмс“. Како можни седишта на базата наведени се Нигер, земја која се наоѓа источно од завојуваниот Мали или пак Буркина Фасо која се наоѓа јужно од Мали. Американските беспилотни летала би требало истотака што е можно побргу да го поддржат ангажманот на француските трупи во Mали.

Во базата во северозападна Африка според „Њујорк Тајмс“ би требало да бидат испратени околу 300 американски војници кои би се грижеле за операциите со
беспилотните авиони.

Bundeswehr will Kampfdrohnen kaufen
Фотографија: picture-alliance/dpa

Единствената воена база на САД во Африка се наоѓа во Џибути, во источниот дел на континентот. Владата во Вашингтон стравува од растечко влијание на радикалните исламисти и сојузниците на Ал Каеда во регионот на Сахара. Примери за тоа се конфликтот во Мали, нападот врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази во септември минатата година како и неодамнешната заложничка драма во Алжир.