1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД-повик за воздржаност до Турција и Ирак

25 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BwQF

САД ги повикаа Турција и Ирак на воздржаност по воздушните напади на Турција врз позициите на курдските бунтовници во северен Ирак.Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека акцијата на Турција на територијата на Ирак не помага за решение на судирот со Курдите. И американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс интервенцијата на Турција во Ирак ја оцени како бесмислена без поседување сигурни информации за точните позиции на курдските бунтовници.

Ирачка владина делегација денеска треба да пристигне во Анкара на разговори за решение на конфликтот околу курдските бунтовници.

Турција бара од Ирак запирање на курдските напади врз турска територија,во спротивност се закани дека самата ќе се погрижи за тоа.