1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД подготвуваат напад врз Иран?

10 април 2006

САД размислуваат за бомбашки напад против Иран,извести американскиот магазин „Њу Јоркер“ во неговото најново издание.Плановите за тоа веќе се започнати.На нишан се пред се атомските постројки ,пишува познатиот новинар Сејмор Херш,кој се повикува на експерти од Пентагон.

https://p.dw.com/p/Ac7U
Херш ја разбранува јавноста
Херш ја разбранува јавностаФотографија: AP

-Ние таму нема да толерираме атомска бомба,зашто Иран би бил опасен ако поседува такво оружје,ова е со години стандардната реченица на американскиот претседател Џорџ Буш и веројатно повеќе отколку обична закана.Според магазинот „Њу Јоркер“ во тек се конкретни ,наводно забрзани планови за воени напди на цели во Иран,дури и со атомски бомби.Тие би биле соодветни за уништување на објектите за збогатување ураниум, сместени во бункери.

Автор на статијата е познатиот новинар Сејмор Херш,кој меѓу другото го откри и скандалот со малтретирањето ирачки затворенции во затворот Абу Гариб.Го бие глас дека има добри извори во владата.

Според Херш,Џорџ Буш во иранскиот претседател Ахмадинеџад гледа нов Адолф Хитлер,така отворено го нарекуваат соработниците на Буш.

Целта на американскиот претседател е обесхрабрување на иранската влада со долготрајни бомбашки напади,провоцирање народен отпор и овозможување смена на власта.

Неодмана советникот за безбедност на Буш,Стивен Хедли јавно најави дека САД задржуваат право на превентивен воен напад како опција во војната против тероризмот во светот:

-Оваа доктрина мора да остане дел од нашиот национален безбедносен систем,рече Хедли.

Извештаите за можен американски напад врз Иран се зачестени. Според магазинот „Њу Јоркер“,постои благослов на владата,но отпор кај високи воени лица.Тие предупредуваат против акција со бомби кои уништуваат бункери заради можна синџирна реакција со насилство и се закануваат со оставка.

Критика кон политиката на Буш изрекуваат и експерти за безбедност како Харлан Улман од Центарот за стратегиски и меѓунардони студии:

-Претседателот Рузвелт пред 100 гоидни рече:зборувај потивко,но држи голем стап в рака.Владата на Буш го има овој стап,но покрај него и агресивна реторика.Ако сакаме Иран да се откаже од атомска бомба,тоа треба да го направиме преку тивка дипломатија.

И меѓу Републиканците ова прашање е доведено до кулминација.Сенаторот Мек Кеин :

-Ние не можеме да се откажеме од воена опција.Но,таа мора да остен последно средство.Само едно би било полошо од американски напад-Иран со атомско оружје.