1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Продолжува прислушувањето

ЖА/дв/ртре/макфакс20 јули 2013

Американските тајни служби смеат и натаму да собираат телефонски податоци заради одбрана од терор, одлучи надлежниот суд. Објавувањето на пресудата е во функција на транспаретноста, се вели од Вашингтон.

https://p.dw.com/p/19B5G
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американската влада објави денеска (20.07) дека судот кој ги надгледува нејзините разузнавачки активности го одобрил барање за продолжување на програмата за надзор на телефонските комуникации.

Станува збор за еден од двата програми за прибирање на податоци кои неодамна ги откри поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност НСА, Едвард Сноуден.

Бирото на директорот за национална разузнавачка заедница ОДНИ објави дека неговото овластување за спроведување на програмата за надзор на телефонските комуникации истекла во петокот и дека владата побарала и добила дозвола за продолжување на истата од судот кој ги надгледува владините разузнавачки активности врз основа на Законот за разузнавачки надзор во странство, ФИСА. Вообичаено, пресудите на надлежниот суд се тајни. Од ОДНИ истакнаа дека се одлучиле да ја објават ваквата одлука заради поголема транспарентност во своето работење откако Сноуден ги разоткри програми за следење на телефонски комуникации и електронската пошта во светот.

Висок американски функционер претходно изјави дека надлежните разузнавачки работат на тоа да и‘ овозможат на јавноста увид во информациите за програмата.

Советникот во ОДНИ, Роберт Лит изрази оптимизам дека разузнавачката заедница може да оствари голем напредок на тоа поле.