1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: режимот во Сирија употребува хемиско оружје

АТ/ дпа/ ртр/ афп26 април 2013

Дали Сирија ги пречекори „црвените линии“? САД, според официјални податоци располагаат со укажувања, дека режимот на Асад во борбата против бунтовниците употребил хемиско оружје.

https://p.dw.com/p/18Nk1
Фотографија: JM LOPEZ/AFP/Getty Images

Американскиот претседател Барак Обама реагираше воздржано на сознанијата на тајните служби. Се’уште недостасува крајниот доказ дека владата на претседателот Башар ел Асад ги нападнала неговите противници со нервниот гас Сарин, соопшти претседателскиот кабинет во Вашингтон. Доказите не се еднозначни. Претставници на властите укажуваат дека американската влада ја научи лекцијата од ирачката војна. Тогаш САД како повод да вмаршираат во Ирак ги земаат податоците на тајните служби според кои во рацете на диктаторот Садам Хусеин имало оружје за масовно уништување. Овие податоци се покажаа неточни.

Претходно американскиот министер за одбрана Чак Хејгл при посетата на Абу Даби појасни дека пробите укажуваат дека во сириската граѓанска војна бил употребен отровниот гас Сарин. Тајните служби веќе подолго време се сомневаат за употреба на хемиско оружје и сега дојдоа до заклучок. Иако не е конечно утврдено, дека за тоа биле одговорни трупите на Асад, тоа било „многу веројатно“, рече министерот.

US-Verteidigungsminister Chuck Hagel in Abu Dhabi
Американскиот министер за одбрана Чак ХејглФотографија: Reuters

Соединетите држави повторно го предупредија раководството во Дамаск од употреба на хемиско оружје. Тоа е „црвената линија“ која не смее да биде пречекорена.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун апелираше до владата во Дамаск, да допушти истрага од ОН. Тим инспектори во рок од 24 до 48 часа би можел да биде во Сирија, изјави портпаролот на Бан, Мартин Несирки.

„Сите опции се отворени“

Во писмо до пратеници во Конгресот американскиот претседателски кабинет нагласи дека во даден случај би бил подготвен да се делува: „Владата е подготвена за сите случаи, така што ќе можеме да реагираме соодветно на секоја потврда за хемиско оружје во смисла на нашите национални интереси“, соопшти канцеларијата на претседателот Барак Обама. Доколку бидат потврдени информациите, дека режимот на сирискиот претседател Башар ел Асад го преминал прагот, САД ќе се советуваат со сојузниците за можните последици. „Сите опции се на маса“, изјави еден владин службеник.

Исто така и британската влада според сопствени наводи поседува „ограничени, но убедливи информации“ дека во Сирија било употребено хемиско оружје. Премиерот Дејвид Камерон рече дека состојбата е екстремно сериозна, но опомена на присебност.

Експерти сметаат дека САД слично како во Либија ќе полагаат на заедничка меѓународна воена операција. За тоа мора да се надмине отпорот од страна на Русија и Кина.