1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД се надева на успешна блискоисточна конференција

18 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bs5g

И покрај големите разлики помеѓу Израелците и Палестинците, американската влада се надева дека планираната блискоисточна мировна конференција ќе биде успешна. На состанокот кој треба да се одржи во ноември може да се очекуваат конкретни чекори кон создавање на палестинска држава, изјави американскиот претседател Џорџ Буш. Оптимист е и неговата министерка за надворешни, Кондолиза Рајс по разговорите кои ги водеше во Ерусалим и Тел Авив, но предупреди од преголеми очекувања. Се уште има многу работа, нагласи Рајс.