1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД се претпазливи кон новиот сириски опозициски сојуз

СН/БГ/ап/афп/ртр15 ноември 2012

САД не се подготвени да ја признаат новоформираната сириска опозициска коалиција како влада во егзил, изјави американскиот претседател Барак Обама на средба со новинарите.

https://p.dw.com/p/16jWY
Фотографија: Reuters

Претседателот на САД негативно се произнесе и за надежите за испорака на оружје за сириската опозиција. Оружјето би можело да падне во рацете на екстремистите и со тоа да ја загрози регионалната безбедност, образложи Обама на пресконференција во Вашингтон. Тој меѓуто истакна дека САД ја сметаат т.н сириска национална коалиција за легитимен претставник на надежите на сирискиот народ.

Франција која е досега единствена западна земја која ја призна обединетата сириска коалиција како единствен легитимен претставник на земјата уште еднаш му изрази поддршка на опозицискиот сојуз. Претседателот Франсоа Оланд го охрабри лидерот на опозициската коалиција Ахмед Муас ал Kатиб да стори се за авторитетот и веродостојноста на неговата коалиција. Оланд го покани ал Катиб да го посети Париз.

Krieg in Syrien Kämpfe in Aleppo
Разурнатиот град АлепоФотографија: Reuters

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) вчера соопшти дека до крајот на годината ќе подели помош за 500.000 сириски бегалци, и покрај прекинот на операциите заради недоволната безбедност на теренот, пренесе прес секретаријатот на организацијата.

УНХЦР има околу 350 припадници во Сирија, кои работат во трите канцеларии во Дамаск, Алепо и Хасеке. Се смета дека речиси 2,5 милиона Сиријци имаат потреба од хуманитарна помош.