1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ќе преговара со Сирија и Иран?

13 ноември 2006

Дали по изборите во САД и победата на Демократите се случува и промена на политичкиот курс во земјата. Вашингтон веќе не исклучува директни преговори со Сирија и Иран за решавање на кризата во Ирак.

https://p.dw.com/p/Advs
Попушта ли Буш?
Попушта ли Буш?Фотографија: AP

„Се е оставено на маса и сите опции ќе бидат разгледани,“ изјави амариканскиот амбасадор во ОН, Џон Болтон додавајќи дека тие и претходно долго време преговарале со Сирија и Иран, но разговорите биле без ефект. Сега на САД им е најважно што сакаат Ирачаните.

Вашингтон постојано ги обвинува Сирија и Иран за поттикнување на проблемите во соседниот Ирак.

„Иран и Сирија се наметнуваа во Ирак на начин на кој не помагаат во сложената ситуација. Иранското оружје и технологија си најдоа место во ирачкиот конфликт и се користат за убивање на Ирачани и Американци. Ова треба да запре. Не мислам дека САД грешат кога го бараат ова. Но, ние сме отворени и за решавање на работите по пат на бипартитен дијалог,“ појасни амбасадорот Болтон.

Притисокот врз Буш да ја промени политиката кон Ирак особено се зголеми деновиве по победата на Демократите на изборите, кои освоија мнозинство и во Конгресот и Сенатот.

„Ирак ни е главниот фронт во борбата протиов тероризмот. Едвај чекам да ги слушнам идеите на новите лидери на Конгресот за тоа кој е најдобриот начин да им се даде поддршка на нашите трупи во првите борбени редови и да се победи во војната против тероризмот,“ изјави американскиот претседател Џорџ Буш во неделното саботно радио обраќање.

За време на изборната кампања, многу Демократи бараа одредување временски рок во кој ќе се повлечат американските војници од Ирак. Нешто што Буш категорично го одбива.