1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ќе учествуваат на директни разговори со Иран

17 јули 2008

Во спорот околу атомската програма на Иран, САД за прв пат ќе учествуваат на директна средба со ирански претставници. „Ништо не се менува во американската политика“, објаснија од кабинетот на американскиот претседател.

https://p.dw.com/p/EdxB
Иранскиот преговарач Саид ЏалилиФотографија: AP

В сабота во Женева претстои средба на Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана и претставници на шест земји, меѓу нив и САД, со главниот ирански преговарач во спорот околу атомската програма Саид Џалили. Америка ќе ја претставува Вилијам Барнс, државен секретар во Министерството за надворешни работи. Соединетите држави не сакаат тоа да биде сфатено како промена на курсот во политиката спрема Иран - нагласено е дека Барнс нема да настапи како преговарачки партнер, а учеството е еднократно.

Останува принципот: нема преговори додека се врши облагородување на ураниум

Владиниот портпарол Дејна Перино изјави: „Таму нема да се преговора. Ќе бидеме присутни, државниот секретар Барнс ќе биде таму како дел од меѓународната заедница, за да ја покажеме нашата едногласност дека Иран може да избира меѓу два патишта - едниот е стимулирачкиот пакет и, ако се докаже дека запреле со облагородување на ураниум, тогаш ќе дојде до преговори“. Перино ја нагласи американската сериозност во врска со повеќемесечните настојувања проблемот да се реши по дипломатски пат унисоно со другите партнери од меѓународната заедница, но дека фундаментален принцип е оти нема преговори се’ додека Иран не го запре облагородувањето на ураниум.