1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самарас: Грција стои пред бездна

СН/ЕМФ/дпа5 октомври 2012

Премиерот на Грција, Андонис Самарас во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“ истакна дека грчката демократија стои пред можеби најголемиот предизвик досега.

https://p.dw.com/p/16KzB
Фотографија: AP

Грчкиот премиер Андонис Самарас предупреди од последиците од натамошно влошување на економската и социјалната состојба во неговата високозадолжена земја. „Грчката демократија стои пред својот веројатно најголем предизвик досега“, изјави конзервативниот политичар за германскиот весник „Ханделсблат“. Единството на грчкото општество е загрозено од растечката невработеност, како што беше случај при крајот на Вајмарската Република во Германија во 30-те години од минатиот век, порача Самарас.

Голема опасност преставува подемот на радикалните сили кај левичарите, а особено кај десницата. „Грците поради катастрофалната економска состојба и мерките за штедење во рок од пет години загубиле една третина од нивниот животен стандард“, порача Самарас во разговорот за „Ханделсблат“.

Според него германската канцеларка Ангела Меркел го погодила вистинскиот тон, кога истакнала дека и‘ „крвари срцето поради ваквата судбина“ на Грците.

Премиерот на Грција притоа ја покани канцеларката Меркел да ја посети Атина.