1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самарас доби доверба, опозицијата предупредува од распродажба на државата

Томас Борман / Елизабета Милошевска Фиданоска9 јули 2012

Еврогрупата денеска (09.07) во Брисел се занимава со Шпанија, Кипар и Грција. Грчкиот парламент во текот на ноќта и даде доверба на владата на Андонис Самарас.

https://p.dw.com/p/15TqK
Фотографија: Reuters

Нешто пред еден часот дојде олеснување. Андонис Самарас успеа. Парламентот и‘ даде доверба на неговата влада со широко мнозинство. Претседателот на парламентот Евангелос Меимаракис го објави резултатот од гласањето:

„Гласаа 300 пратеници, Од нив 179 и‘ дадоа доверба на владата.“

Тоа значи дека немало ниту еден единствен пратеник од трите коалициони партии - Нова демократија, ПАСОК и Демократската левица кој не гласал позитивно. Во тридневната парламентарна дебата, Самарас ги подготви граѓаните на тешки месеци кои стојат пред Грција. Земјата не го исполнува временскиот план за реформи и мора да го забрза нивното спроведување. Истовремено, премиерот сака да ги замоли кредиторите, значи останатите евро-земји и ММФ, за повеќе време за исполнување на целите.

Железница, електроцентрали и земја

Griechenland Samaras verspricht noch härteren Sparkurs
Премиерот Андонис Самарас пред голем предизвикФотографија: AP

Самарас сака да се погрижи за повеќе пари во државната каса:

„Тежиштето го ставаме врз приватизацијата. Ако за тоа се неопходни нови закони, ќе ги донесеме. Мора да ја забрзаме приватизацијата, зашто таа носи инвестиции, со други зборови - работни места и пораст.“

Треба да бидат приватизирани државната железница, како и електроцентрали, пристаништа или парцели земја кои сега се во државна сосптвеност.

Ципрас се заканува со протести

Шефот на опозицијата Алексис Ципрас од сојузот на радикалната левица СИРИЗА, најави жесток отпор против политиката на штедење, поради тоа што таа ќе однесе уште многу Грци во сиромаштија. Ципрас пред се‘ меѓутоа ги критикуваше планираните приватизации:

„Приватизациите нема да ја спасат нашата економија, туку ќе ја ограбат.“

Според Ципрас, владината програма е оглас за распродажба, како владата да сака да ја продаде Грција. Неговата партија ќе се бори против тоа, во парламентот и на улица, рече Ципрас, нарекувајќи ги планираните приватизации - злосторство.

Griechenland Finanminister Stournaras
Новиот грчки министер за финансии Јанис СтурнарасФотографија: Reuters

Десет проценти повеќе издатоци од приходи

Новиот грчки министер за финансии Јанис Стурнарас се спротивстави на ваквите тврдења и рече дека Грција не може вечно да дава десет проценти повеќе пари отколку што има приходи. Затоа нема алтернатива за политиката за штедење. Стурнарас денеска е на средбата на министрите за финансии на Еврогрупата во Брисел.

На средбата, контролорите на Тројката, составена од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, треба дадат извештај за состојбите во Грција. Тие до вчера беа во Атина и ги контролираа грчките државни финансии, односно проверуваа колку земјата поради кампањата и изборите, два пати по ред, заостанува во временскиот план за спроведување на реформите.