1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самарас инсистира на име за сите употреби

ЖА/миа29 јуни 2013

Грчкиот премиер Андонис Самарас во врска со спорот со Македонија околу уставното име, изјави дека сака име кое нема да задира во грчкиот карактер на грчка Македонија.

https://p.dw.com/p/18yUK
Фотографија: Reuters

Ако сака да влезе во Европа, ние ќе му помогнеме на Скопје, но тие да се откажат од иредентизам и да се согласат на едно име за сите употреби, кое нема да задира во грчкиот карактер на грчка Македонија, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас во говорот на деветтиот конгрес на Нова демократија.

Според него, проблемите што постојат во соседните земји „не треба да се кријат под тепих“ туку да се решат и земјите да се обединат.

„Сакаме да живееме мирно со нашите соседи... За да ја имаме улогата на стабилизатор во регионот, зад нас сакаме да имаме стабилно и демократско соседство“, рече Самарас и додаде дека во таков регион нема место за иредентизам.