Самарас: Неонацистите се најголема опасност за демократијата
11 октомври 2013Грчкиот премиер Андонис Самарас во изјава за државната телевизија денеска (11.10.) рече дека демократијата ќе се бори против своите непријатели и ќе ги победи.
Грчкото правосудство ги товари шефот на Златна зора, Николаос Михалолијакис и дузина други водечки личности во партијата, дека ја претвориле неонацистичката партија во криминално здружение. Според обинителството, тие повредувале луѓе, уценувале, тепале до смрт, извршувале бомбашки напади и переле пари.
Шефот на Златна зора и двајца пратеници се веќе во притвор во Атина. Правосудните органи побараа и укинување на имунитетот на други тројца пратеници на Златна зора, меѓу кои и сопругата на партискиот лидер, Елени Зарулиа. Гласањето за тоа треба да се одржи наредната недела. Десните радикали имаат 18 пратенички места во парламентот во Атина, кој инаку има 300 места.