1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самитот на ЕУ со доминантни теми-уставот и тероризмот

26 март 2004
https://p.dw.com/p/AcOW
Фотографија: AP

ЕУ сака да ги зајакне своите напори за поголем стопански развој.Ова на завршувањето на денешниот самит на шефовите на држави и на влади на земјите од ЕУ го изјави актуелниот претседавач ирскиот премиер Берти Ахерн во Брисел.

ЕУ е свесна дека поединечното реформско темпо во оделни земји членки мора да биде зголемено.ЕУ си постави за цел до 2010 година да стане најсилниот стопански простор во светот.Засега таа е сеуште во целина далеку од тоа,но има зацртани етапни цели.

Иако економијата требаше да биде тема број еднен на самитот,европскиот устав и терористичките напади во Мадрид ја потиснаа во втор план. По шокот од Мадрид шефовите на држави и влади од ЕУ решија сериозно да се зафатат со заедничката терористичка закана:тие усвоија клаузула на солидарност ,која вклучува исто така и ангажман на војската.На глобално распространетата терористичка мрежа на Ал Каеда мора да и бидат спротиставени и надгранични мерки,се вели.Колку е тоа итно,покажува тоа што германските тајни служби имаат информации околу еден од осомничените атентатори од Мадрид ,кои се проследени.

Заедничката соработка на тајните служби би морало да биде подобрена,изјави претседавачот со ЕУ ,ирскиот премиер Берти Ахерн:

-Сега не го откривме наново тркалото,но по Мадрид би морале се да провериме и да дадеме политички импулс за да ја придвижиме работата.Луѓето од Европа тоа го очекуваат од нас.

До јуни треба да бидат завршени пакетите закони,кои беа покренати уште од 11 септември 2001 година,но сеуште се запнати поради националните отпори.Тука се опфатени казните,конфискацијата на имотот на осомничените терористи,перењето пари и мултинационалната банка на податоци и тим на истражувачи.Во пасошите и во визите треба да бидат преземени биометриските податоци.

Примената на овие сите закони би била надгледувана од новиот координатор за борба против тероризмот,Холанѓанецот Гијс де Фрис.

На заедничката вечера 25 државници од земјите од сегашниот состав и идните нови десет,се согласија дека најдоцна до следниот самит кон средината на јуни треба да биде усвоен новиот ецвропски устав.Постои пробив по ова прашање,вели Берти Ахерн:

-Не се зафативме со одделни детали,но доволно е да се знае дека постои јасна желба работата да биде доведена кон крај.

За ова се изјасни и британскиот премиер Тони Блер:

-Причината за која мислам дека е време да се направи договор,е тоа што мислам дека мора да се осигураме Европа да биде поефективна.

Германскиот канцелар Герхард Шредер го поздрави пробивот по прашањето на уставот акко значаен успех.

Идната влада на Шпанија најави дека ќе ја повлече својата блокада против двојното мнозинство при гласањето во ЕУ.Во таа насока стигнаа сигнали и од Полска.Полскиот премиер Лешек Милер:

-Мораме да бараме разбирање и компромиси.Нападите од Мадрид јасно покажаа дека е нужно да бидат усвоени правилата кои ќе овозможат поефективна европска соработка.Ни треба решение кое ќе значи баланс меѓу малите,средните и големите држави.

Германија најави подготвеност за промена на ставот- во иднина 14 од 25 држави,кои репрезентираат 55 проценти од населението,би требало да градат мнозинство.Сеуште постојат и извесни разлики околу големината на Европската комисија.Помалите земји како Данска предлагаат секоја да биде застапена со еден комесар,додека предлог уставот предвидува само 15 комесари.