1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит кој ќе ја зајакне позицијата на Македонија

Милчо Јовановски30 април 2008

Охрид од утре (01.05.2008) е домаќин на самитот на претседателите на државите од Централна Европа. Се очекува присуство на 17 претседатели и претставници на уште две земји.

https://p.dw.com/p/DrKH
Бранко Црвенковски на прес конференција во ОхридФотографија: Macedonian Information Agency

Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, на прес конференција најави дека теми на самитот ќе бидат процесот на проширување на ЕУ и влијанието што тој процес го има врз националните економии. Тој зборуваше и за тоа зошто Косово не е дел од самитот и дали на грчкото тивко економско ембарго Македонија ќе одговори на ист начин.