1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит на Европската унија: 50 години римски договори

B.Riegert23 март 2007

За време на викендот во Берлин ќе се одржи вонреден самит на Европската унија. Повод е основањето на Европската економска заедница пред 50 години. Тогаш потпишаните Римски договори до денес ја преставуваат сржта на Европската унија. Германската влада, како актуелен претседавач, ја подготви таканаречената „Берлинска декларација„ за иднината на Унијата, што треба да биде усвоена на самитот. Но, во неа треба

https://p.dw.com/p/AbyJ
Нејзиното „правење„ не беше баш лесно! 50 години ЕУ.
Нејзиното „правење„ не беше баш лесно! 50 години ЕУ.Фотографија: AP

да биде убеден пред се – народот.

Одушевувањето за роденденот на славеникот кај граѓаните на Европската унија не е баш големо. Според една анкета на весникот „Фајненшел тајмс„ направена во петте најголеми земји членки, 44 проценти од запрашните сметаат дека нивниот живот се влошил поради членството. Меѓутоа, 40 проценти велат и дека напуштањето на Унијата не би им ја подобрило ситуацијата. Против оваа слика треба да се изборат лидерите на 27-те членки в недела со „Берлинската декларација„. Докуметот, кој има само 3 страници и е јасно формулиран за секого, Унијата ја претставува со нејзините вредности, социјалниот општествен модел и заедничката иднина врз обновени основи. Сржта на задачите на Европската унија, Ангела Меркел, како претседавач на Унијата, пред Европскиот паралмент ја објасни со следниве зборови:

„Збор е за обезбедување на мирот, за солидарноста во Европската унија и за благостостојбата и социјалната сигурност во еден глобален свет во кој конкуренцијата за сите нас стана пожестока„.

Претседавачката мораше да се откаже од поимот Устав за новите основи на Унијата. Не успеа да мине кај Французите, Холанѓаните, Полјаците и Чесите.

Текстот на декларацијата ниту непосредно пред самитот не е готов во неговата конечна форма. Со месеци се води битка за зборови. Како централна вредност на Унијата се истакнува толеранцијата. Подеднакво е содржан и индиректен став за прием на нови членки. Политичката творба - Европска унија - мора натаму да се менува и да се прилагодува. Посебно ќе биде истаканато повторното обединување на Европа со приемот на државите од поранешниот источен блок. Претседателот на Комисијата Жозе Барозо:

„Берлин е симбол и тоа не само симбол за повторно обединета Германија, туку и за обединета Европа. Дали има подобро место за овој роденден„?

Берлинската декларација нема да ја потпишат сите шефови на држави ли влади, туку само претседателот на Европската комисија, претседателот на Европскиот парламент и Ангела Меркел како претседавач на советот. Текстот нема никаква правна обврзност. На ручекот во хотелот „Рома„ шефовите на делагациите ќе разговараат за тоа како до крајот на јуни да се договори возен ред за новиот договор за Европската унија. Претседателот на евро-парламентот Ханс Герт Петеринг:

„Се надевам дека на германското претседателство ќе му успее на самитот кон крајот на јуни да постигне согласност како натаму со европскиот устав„.

В недела попладне европскиот врв околу Бранденбуршката капија ќе се замеша со народот. Врв на манифестацијата ќе бидат огнометот и исполнувањето на европската химна, Одата на радоста на Лудвиг ван Бетовен.