1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит на ЕУ, реакции: уставот "замрзнат", во иднина Европа "со две брзини" ?

14 декември 2003

Силвио Берлускони секако не си го замислуваше вака крајот на италијанското претседавање со Советот на Европската Унија. Но, вчера не му преостана ништо друго освен да констатира "тотална несогласност" и да го прекине самитот на кој требаше да биде дадена виза за планираниот устав на Унијата. Учесниците не сакаат да зборуваат за дефинитивен неуспех и крај на идејата за уставот, иако веќе во игра се уфрла ста

https://p.dw.com/p/AcRV

рата идеја за "Европа со две брзини".

Каде и да се погледне- на сите страни беспомошност и сериозни лица уште пред вчера да биде соопштено за неуспехот на самитот. Идејата за Уставот засега е "замрзната". "Уште еднаш велам: според нашата оцена - тоа важи за министерот за надворешни работи, исто како и за мене - се надевавме на повеќе. Ние постојано предупредувавме на тоа да не се 'одврзува' постигнатиот уставен компромис, зашто кој ќе го стори тоа ќе доживее дека нема да понуди ништо подобро", рече германскиот канцелар Герхард Шредер. Шпанија и Полска до последен момент опстојуваа врз противењето на воведување двојно мнозинство при донесувањето решенија во Советот на Унијата: мнозинство на гласови на земјите членки, но и зад нив да стојат најмалку 60 проценти од населението на Унијата. Социјалдемократскиот претставник во Европскиот совет Клаус Хенш јасно го лоцираше виновникот: "Според сегашната состојба на преговорите мора јасно да се каже дека полската влада не сакаше да се помести ни за милиметар". Канцеларот Шредер ја ублажи оваа оцена наоѓајќи разбирање за тешката внатрешно-политичка состојба во која се наоѓа полската влада и оценувајќи дека ова нема негативно да влијае врз германско-полските односи. Полскиот премиер Лешек Милер воопшто не ја смета целата ситуација за драматична. Никој не е виновен, ниту Полска, тој е среќен што решението е одложено и верува оти тоа ќе биде донесено за време на ирското претседателство, рече Милер. Во тоа верува и британскиот премиер Тони Блер: "Ирското претседателство секако ќе ги наслушне ракциите, ќе изврши консултации и можеби ќе поднесе повратен извештај на средбата во март. Мислам дека нема потреба од брзање се' додека не биде јасно дека е создадена база за договор". Ирскиот премиер Берти Ахерн веќе потврди дека во март ќе поднесе меѓубиланс. Но, неуспехот од Брисел може да има далекусежни влијанија. Многумина набљудувачи сметаат дека во поблиска иднина би можело да има Европа со две брзини. Ни канцеларот Шредере не го исклучува тоа: "Уставниот процес сега се' уште не пропадна. Ако дефинитивно би се случило тоа, тогаш ќе има Европа со две брзини". Тоа би значело дека Европа во иднина би одела по одвоени патишта, дека едни држави би предничеле во поглед на натамошното обединување, а другите би ги следеле подоцна.