1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самоубиствени напади во Ирак

15 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BUg9

Бројот на загинатите во серијата атентати во Северен Ирак се зголеми на најмалку 200 луѓе,додека околу 300 се ранети.Четворица атентатори самоубијци речиси истовремено се разнесоа во цистерни и камиони во неколку населби западно од Мосул.Властите сметаат дека бројот на жртвите и натаму ќе расте.

Нападите биле насочени против припадниците на религиозното малцинство Јасиди,чија вера е постара од исламот.