1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Само да е од Германија!

Александра Славниќ/ Александра Трајковска10 јуни 2013

На просторите на поранешна Југославија најмногу им се верува на германските производи. Автомобилите од Германија немаат конкуренција. Речиси е традиција да се воодушевува на се' што доаѓа од оваа земја.

https://p.dw.com/p/18mvK
Фотографија: Fotolia/Oli_ok

„Од сите стопанства, најмногу му верувам на германското, оти таму сигурно има најмалку фалсификат. Тие производи се најквалитетни во Европа, а можеби и во светот“, смета Д. Михајловиќ од Бања Лука. Тој објаснува дека некогаш најлошите автомобили од источна Европа, денес се бренд, оти ги презеле Германците и ги произведуваат по своја технологија. „Камо среќа и овде да дојдат, да ни го донесат своето знаење“, вели Михајловиќ.

Тој не е осамен во овој став и почитта кон германското стопанство и производи. Тоа најдобро го покажува и побарувачката по половни уреди.

Bosnien und Herzegowina Deutsche Produkte D. Mihajlovic aus Banjaluka
Д.Михајловиќ од Бања ЛукаФотографија: DW/A. Slavnic

Неџад Бешлагиќ од Велика Кладуша секоја недела доаѓа на пазарот во Бања Лука и продава користени домашни апарати, германско производство. Дали се работи за машина за перење алишта, садови, електричен шпорет - овие производи имаат свои муштерии и тоа не само оние со поплиток џеб.

„Сите порадо бираат половна германска стока, отколку нови апарати од домашно производство. Она што е наше никој не го сака. Германците, што и да направат е квалитетно. А, тука има и традиција, едноставно сме приврзани за нив. И богатите купуваат, сакаат одредени марки, не им e проблем да дадат 300 конвертибилни марки за апарат“. Бешлагиќ девет години живеел во Хамбург, и со тешко срце се врати во родниот крај. На тој чекор бил принуден од приватни причини. Да можел да бира, би останал, вели до пензија.

„Кога Германец ќе направи...“

Оваа појава, според зборовите на филозофот и социолог Драган Бурсаќ, има своја културолошка и социолошка позадина.

Bosnien und Herzegowina Deutsche Produkte Professor für Soziologie Dragan Bursac
Драган БурсаќФотографија: DW/A. Slavnic

„Со распаѓањето на Австро-Унгарија, германскиот свет доби на некој начин полуправно наследство на овие простори. Колку и да ги презирале тие луѓе како окупатори, нашиот народ ги ценеше нивните квалитети и особини, се’ што донесоа на овие простори. Меѓу двете светски војни владееше негативна слика за Германците, но секогаш тука беше 'швабата' кој знае да ги направи работите“, вели Бурсаќ.

„Потоа на средината на минатиот век дојде до т.н. гастарбајтерски егзодус и одлив на работниците во прва линија во Германија“, додава Бурсаќ.

„Нашиот човек дојде во земјата на изобилство, беше во можност да ги купи сите тие производи зад кои стоеше напорна работа. Германски телевизор или кој било апарат во тоа време на нашите простори навистина претставуваше статусен симбол. Тоа се задржа до денес. И низ оваа транзиција минуваме со Германија која ни дува в грб“.

Никако да се раздели од „двојката“

Гордиот сопственик на „Голф II“ вели дека најмногу им верува на постарите германски автомобили, бидејќи се поевтини за одржување Имаше намера да го продаде својот љубимец за 1.500 евра, но се премисли: „Жал ми е да го продадам. 14 години е кај мене, во него не сум вложил ни фенинг. Редовно го одржувам и тоа е тоа. Се' уште не застанл и нема да застане“.

Според мислењето на гордиот сопственик на „Голф II“, кој сака да остане анонимен, секој порадо ќе купи германски автомобил ако има пари, оти вложеното се исплати.

Bosnien und Herzegowina Deutsche Produkte
„Голф II“ и денес лесно ќе најде купувачи на БалканотФотографија: DW/A. Slavnic

Туѓото е послатко

Книжевникот и сатиричар од Бања Лука Младин Бериќ вели дека на неговиот народ од секогаш му било подраго она што е туѓо. Кога се работи за германските автомобили, објаснува Бериќ, тие се издржливи и сигурни, одговараат за нашите лоши патишта, тоа е она што на овдешниот човек му треба.

„Видовте неодамна на финалето на Лигата на шампионите. Се игра до последна секунда, ништо не се препушта на случајот. Затоа тој производ е добар, дали да се работи за фудбалер или за автомобил. Германците го имаат она што ние го немаме, а тоа е дисциплина, одговорност и точност. Затоа им се воодушевуваме на Германците, иако реално и не ги сакаме“.

Автомеханичарот Драган Аџиќ за себе вели дека практично се родил во „Буба“ на „Фолксваген“. Тој е голем љубител на овој автомобил со кој ја посетува т.н. „Бубијада“ на БиХ и регионот. Кога станува збор за работа, ги поправа сите автомобили и не е сигурен колку германските возила нависитина се најдобрите.

„Порано беше поинаку, денес е се' лотарија. Доста се купуваат француски автомобили, италијански и јапонски исто така. Сепак ми се чини дека луѓето повеќе им веруваат на германските производи. Не сум правел анкета но мислам дека повќето би возеле 'Фолксваген', ако не за нешто друго, тогаш поради името“.

Bosnien und Herzegowina Deutsche Produkte Miladin Beric aus Banjaluka
Младин БериќФотографија: DW/A. Slavnic

„Многу Балканци стекнаа завидна положба во Германија и многу се ценети во тоа што го прават, дали се тоа спортисти, разни стручњаци, студенти... Прилагодливоста нивна голема доблест“, вели Младин Бериќ.