1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Само остра реторика на Северна Кореја?

АТ/ ртр/афп/дпа/ ап2 април 2013

Речиси секојдневно од Северна Кореја пристигнуваат воени закани. Владата на САД меѓутоа досега не гледа знаци дека воената реторика на Пјонгјанг ќе се претвори во дела.

https://p.dw.com/p/187ss
Фотографија: Reuters

Нема знаци дека Северна Кореја воените закани против Јужна Кореја и САД ќе ги претвори во дела, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни во Вашингтон. „И  покрај острата реторика, која ја слушаме од Пјонгјанг не гледаме промени во позиционирањето на севернокорејската војска како на пример широка мобилизација и позиционирање на трупите“. Портпаролот на американскиот претседател Барак Обама нагласи дека заканите од Северна Кореја следуваат по позната шема. Сепак тие се сфаќаат сериозно.

Јужна Кореја се закани со противудар

Дека ѕвечкањето со сабјите на комунистичкото раководство во Пјонгјанг САД сериозно го сфаќаат покажува реакцијата на војската. Најголемата воена сила во светот, како сојузник на Јужна Кореја во конфликтниот регион префрли два авиона со стелт-технологија од типот Ф-22 и носачот опремен со ракети и радари „УСС Фицџералд“.

По заканите од северот се заостри и тонот од Јужна Кореја. Претседателката на Јужна Кореја Парк Геун Хе на водството во Пјонгјанг вчера му се закани со масивна и брза воена реакција. Во случај на провокација против Јужна Кореја и народот, ќе следи решителен одговор, без политички проценки, изјави Парк по консултациите во Министерството за одбрана.

Затегнатоста на кореанскиот полуостров значително се заостри по третиот севернокорејски тест на атомско оружје во февруари годинава. Властодржецот Ким Јонг Ун изминатите денови постојано упатуваше нови закани кон јужниот сосед и САД.

Nordkorea Kim Jong-un Pyongyang
Ким Јонг УнФотографија: Reuters

Формално Ким Јонг Ун прогласи воена состојба, ги стави силите за безбедност во највисока степен на готовност, ги прекина и последните останати директни телефонски врски меѓу военото раководство и краткорочно се закани дека ќе го затвори заедничкиот индустриски комплекс со Јужна Кореја. Освен ова режимот објави дека неможе да се преговара за севернокорејското атомско оружје. Пред три недели комунистичката земја им се закани  на САД со атомски напад.

Помош од Иран?

Весникот „Вашингтон пост“ повикувајќи се на неименувани извори информира дека американски експерти стравуваат дека Пјонгјанг при последната нуклеарна проба активирал атомска бомба со високозбогатен ураниум. Ова би значело дека режимот не само што може да произведе високозбогатен ураниум, туку на тоа поле веројатно тесно соработува со Иран, информира весникот. Станува збор за претпоставки на експерти, еднозначи индиции не се откриени.

Политичките експерти во регионот не очекуваат едностран напад од Северна Кореја. Режимот според нивно гледиште многу повеќе на овој начин сака да ја подобри преговарачката позиција во однос на Југот, надевајќи се на итно неопходната помош во прехранбени производи за земјата. Страдањето на сиромашното население заземало огромни размери. Секое четврто дете, спроед ОН е хронично недоволно исхрането. Две третини од 24 милионското население со децении е соочено со недостиг на храна. Освен ова се претпоставува дека младиот властодржец на овој начин, со остра воена реторика, прави обиди да ја зацврсти својата позиција.