1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самрак за Златна зора

ЖА/дв/ртре/дпа/афп28 септември 2013

Во Грција е уапсен шефот на десноекстремистичката партија Златна зора, против која во повеќе наврати беа организирани протести. Против Никос Михалолиакос се подигнати тешки обвинувања.

https://p.dw.com/p/19pqi
Фотографија: Getty Images

Грчката полиција потврди дека го уапсила лидерот на грчката крајно десничарска партија Златна зора, Николаос Михалолиакос (на фотографијата горе). Михалолиакос бил приведен под обвинение за формирање криминална организација. Наредби за апсење се издадени и по уште најмалку тројца пратеници на Златна зора.

Партијата е обвинета за вплетканост во бројни напади врз мигрантите и левичарите, како и за убиството на левичарскиот активист и рапер Павлос Фисос. 34-годишниот музичар на 18. септември беше убиен од член на Златна зора, што ги разбуди духовите во Грција и предизвика опсежна истрага против десноекстремистичката партија. Критичарите ги обвинуваат полицијата и правосудството дека предолго ги толерирале подбуцнувањата на омраза и насилните акти на членови на партијата.

Pavlos Fyssas griechischer Sänger Archiv 2011
Убиениот рапер Павлос ФисасФотографија: picture alliance/AP Photo

Апсењето на Михалолиакос се случи непосредно откако тој се закани со повлекување на своите пратеници од грчкиот парламент, што би водело кон нови избори во 15 региони. На партијата во ваков случај ѝ се заканува загуба на дел или на сите нејзини мандати. Но, новите избори би можеле да предизвикуваат нова ситуација во односот на политичките сили во парламентот, во кој владината коалиција има многу тесно мнозинство.