1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самсунг го претстави Galaxy S4

ЕМФ/дпа15 март 2013

Новиот Galaxy S4 на Самсунг е усовршена верзија на Galaxy S3, која забележа голем успех на пазарот. Новите софтверски функции го прават новиот Галакси сериозен ривал на Ајфонот.

https://p.dw.com/p/17yPo
Фотографија: Reuters

Самсунг со својот Galaxy S4 оди во конкурентска борба со Епл и неговиот  iPhone во САД. Новиот модел, претставен во Њујорк, нема некои којзнае какви промени на дизајнот или големи промени на хардверот, но затоа интересните софтверски функции го прават противник на Епл и на останатите смартфони кој треба да се третира и тоа како сериозно.

Galaxy S4 на пазарот ќе се појави на крајот на април. Колку ќе чини, не е соопштено. Шефот за мобилна телефонија во Самсунг Џ.К. Шин изјави дека Galaxy S4 „ќе биде придружник кој ќе помага наголемо да се ужива во животот“. Смартфонот, на пример, ќе може да ги мери спортските активности на својот сопственик и да служи како далечински управувачч за телевизорот, кој дури и не мора да е од марката Самсунг.

Vorstellung des Samsung Galaxy S4 JK Shin
Џ.К. Шин го претставува новиот Galaxy S4Фотографија: Reuters

Дисплејот на телефонот од 4,8 е зголемен на 5 цола и има камера од 13 мегапиксели (кај S3 камерата има 8 мегапиксели). Освен тоа, Galaxy S4 реагира и на гестови, како и на говор и поглед. На пример, ако се гледа видео, тоа ќе запре ако погледот се тргне од дисплејот и повторно ќе продолжи кога ќе се погледне во тој правец. Телефонот е минимално полесен и потенок од претходникот. Оперативен систем на Galaxy S4 е најновата верзија на Андроид, таканаречениот „Jelly Bean“.

Самсунг до јануари продаде 40 милиони апарати Galaxy S3, а од сите модели од серијата S се продадени 100 милиони. Со тоа Самсунг стана производител на смартфони број еден во светот. Секој трет продаден смартфон на светот е на Самсунг, а секој петти на Епл. Во САД сепак, води Епл.