1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози во Вашингтон

7 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C4x2

Францускиот претседател Никола Саркози при неговата прва официјална посета кај американскиот претседател Џорџ Буш во Вашингтон ја потврди неговата намера да се зацврсти пријателството со САД. Во однос на несогаласувањата по однос на ирачката војна, Саркози рече дека спорот меѓу двете земји вистински никогаш не го разбрал. Тоа што Европа денеска живее во мир, треба да им благодари на САД. Буш од своја страна го означи францускиот народ како најстар пријател на САД. Францускиот шеф на државата демонстрираше единство со Вашинготн и по прашањето за атомскиот спор со Иран. Тој и натаму се залага за преговори со Техеран, но ако е потребно да се преземат санкции во меѓународни рамки.