1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози во тешка дипломатска мисија во Москва

Бернд Ригерт7 септември 2008

Сите надежи на ЕУ за изнаоѓање мирно решение за кризата во Кавказот се насочени кон актуелниот претседавач Николас Саркози, кој во понеделник и вторник ќе престојува во Москва.

https://p.dw.com/p/FCyH
Тешко е да се спојат различните ставови во ЕУ: Николас Саркози зборува за ситуацијата во Кавкаскиот регионФотографија: AP


Саркози ќе се обиде да го убеди рускиот претседател Дмитри Медведев да ги исполни елементите од мировниот договор меѓу Русија и Грузија што беше постигнат со помош на ЕУ. При тоа проблемот лежи во тоа што мировниот договор остава простор за различни толкувања. На неформалната средба на Министрите за надворешни работи на Унијата во француски Авињон очигледно надвладеа ставот дека ЕУ не треба да инсистира на комплетно повлекување на сите руски трупи на позициите пред војната, туку само од централното подрачје на Грузија. Руските сили во отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија можат да останат.


„Верувам дека според планот од шест точки повлекувањето на руските сили во Осетија и Абхазија, значи повлекувањето од централното грузиско подрачје, е нешто што Русија треба да го прифати, бидејќи се сложи на тоа во договорот. Очекуваме Русија да се придржува до него“ – изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер.


ЕУ и’ прави остапка на Русија


Со ваквото излегување пресрет ЕУ има намера да го овозможи продолжувањето на политичкиот дијалог со Русија. Меѓу одлуките на министрите вчера во Авињон се наоѓа и именување специјален пратеник за Грузија, како и организирање донаторска конференција. На среден рок ЕУ и Турција имаат намера да организираат и конференција за стабилност во целиот регион на Кавказот.


Откажување од идејата за санкции


Министрите се сложија да се откажат од санкции, пред се’ затоа што тие нема да имаат никакво влијание врз Русија. Неколкуте земји кои бараа санкции се сложија со ваквиот генерален став, но затоа министерот за надорешни на Естонија, Урмас Пает побара јасна перспектива за прием на Грузија и Украина во ЕУ.


„Сега е многу важно НАТО и ЕУ потполно да ги поддржат Украина, Молдавија и другите држави кои нивната иднина ја гледаат како отворени демократии. Тоа е во мигов најдобрата мерка за безбедност на овие земји.“


Унијата бара истрага за причините на војната


Но, Германија и уште некои членки на ЕУ инсистираат да не се брза. Приемот на Украина е уште далеку, порача министерот за надворешни на Луксембург, Жан Аселборн. Тој исто така ја поддржа идејата на финскиот колега Александер Стуб за испраќање 200 до 300 набљудувачи на ЕУ во Грузија. Аселборн и германскиот министер Штајнмајер исто така побараа независна истрага за причините за почеток на војната во Грузија. И таа носи одговорност, нагласија Штајнмајер и Аселборн.