1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози сака да биде повторно претседател

16 февруари 2012

Изборната кампања во Франција добива на динамика. Сега е и официјално - Никола Саркози сака повторно да стане претседател. Но, во анкетите и натаму води предизвикувачот Оланд.

https://p.dw.com/p/143yB
Никола Саркози рече „уи“ за кандидатуратаФотографија: REUTERS/TF1

Неговите приврзаници мораа да чекаат долго на одговорот. „Да, јас сум кандидат“, вели Никола Саркози, кој е последен кандидат за претседател што ја објави кандидатурата:

„Ако во времиња на криза не се кандидирам уште еднаш и не ги замолам Французите за доверба, тоа би значело бегање од одговорноста како капетан кој во бура го напушта бродот. Се кандидирам зашто на Фрацузите имам уште многу да им кажам и да им предложам.“

Саркози во печатот веќе ја има скицирано својата рута - сака економски и социјални реформи по германски урнек, а освен тоа имаше и „боцкање“ против хомосексуалците и странците. Конзервативците во Франција одат уште подесно.

Frankreich Wahl Wahlen Francois Hollande Sozialisten
Франсоа Оланд е најголемиот противник на СаркозиФотографија: Reuters

Реакциите...

„Беше крајно време Саркози конечно да се изјасни. Она на што сите се надеваме е фер изборна борба, во која ќе бидат разменети аргументи и нема да има дебати кои не водат во ништо“, вели една жена на улиците на Париз.

„Ќе има крвопролевање од ’странично сечење и лошотилак’. Но, јас мислам дека и онака е веќе се‘ кажано“, на мислење е друг жител на главниот град на Франција.

Најсилниот конкурент на Саркози е социјалистот Франсоа Оланд. Тој е одамна во изборна кампања. Вчеравечер беше славен од своие приврзаници. Во анкетите Оланд води јасно, но дури сега, по официјалната кандидатура на Саркози трката за претседателската функција практично навистина почна.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Арно Лист / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска